ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ со важност до 01.01.2021

Известуваме дека Коoрдинативното тело за туризам, кое воедно се грижи и
дејствува со заложби за развој и промоција на еко дојдовниот (in coming) туризам како
светски тренд и алтернативна форма на туризмот, во рамките на Стопанската Комора
за Енергетика, и ги следи насоките на Владата на Република Северна Македонија и ги
зема предвид сите Нивни одлуки, барања, мерки и соопштенија, соодветно на нив
постапува благовремено и согласно со Законот за туристичка дејност и останатите
релевантни позитивно правни прописи.
Согласно последното Соопштение од страна на Министерството за економија на
Република Северна Македонија од 24/03/2020 год., изготвена е Уредба со законска
сила, со која на Агенциите ќе им се овозможи да издаваат ваучери со важност до
31/12/2020 год. со цел клиентите да не ги изгубат уплатените средства, а туристичките
агенции да го издржат финансискиот товар преку негово распределување на долг
временски период. Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе
се реализира со заемна согласност на туристичката агенција и патниците. Заедно со
Фондот за туризам, чија цел е пренамена на средства кои се предвидени за развој,
промоција и поддршка на туризмот и останатиот пакет економски мерки на кои што
интензивно се работи, Министерството за економија на Република Северна Македонија
продолжува да дава максимална поддршка во делот мерките на туристичкото
стопанство кои се директно под Нивна надлежност.
Во рамките на ова соопштение, упатуваме апел до секторот за превоз при
СТКМ и останатите правни субјекти во Република Северна Македонија, да Ни
достават број на автобуси и возила кои содржат еколошка платформа.
Во врска со сите понатамошни одлуки и соопштенија кои ќе бидат донесени, а
врз основа на претходно доставените барања до Координативното тело за превенција
на последиците од COVID-19 во туризмот, како Координативно тело за туризам и
развој и промоција на еко дојдовен (in coming) туризам ќе продолжиме благовремено
да дејствуваме во строго утврдените законски рамки со свои барања и заложби во оваа
насока за мерки од последиците настанати поради корона вирусот и да известуваме
ставајќи го во приоритет пред сѐ здравјето на граѓаните.
Во овој контекст, упатуваме уште еднаш на почитување на строгите мерки на
Владата на Република Северна Македонија во согласност со прогласената вонредна
состојба, грижејќи се за сопственото и здравјето на блиските и сѐ општо јавното
здравје.

Ви благодариме на довербата!

Претседател на Стопанска Комора за Енергетика на Македонија,  Г-дин Ѓорѓи Манасков и
Директор на Кабинетот за туризам при Стопанската Комора за Енергетика на Македонија, Г-ѓа Ивона Јакимовска

Translate »
shares