Обновливите извори и ефикасност – Трета Mеѓународна Kонференција за Енергетика

На 28 ноември во хотел „Континентал“, во организација на Стопанската комора за енергетика на Македонија и „Технички Консалтинг“ се одржа Третата меѓународна конференција за енергетика.

Конференцијата беше под покровителство на новоформираната Стопанска комора за енергетика на Македонија, чија цел е да ги поврзе компаниите од енергетскиот сектор во Република Македонија.

Третата меѓународна конференција за енергетика ја поздрави и ја прогласи за отворена претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков, заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. 

Главната цел на конференцијата беше да им помогне на граѓаните и на компаниите да добијат што е можно повеќе информации за енергетиката и за енергетската ефикасност, обновливите извори за енергија, инвестирањето.

Говорниците, сите експерти во своите области, ги информираа присутните за новиот Закон за енергетика, правилниците и уредбите и за се што е потребно за нивно учество за инвестиции во областа на енергетиката.

Во фокусот на предавањата беа малите хидроцентрали, фотоволтаиците, ветерниците, биогасните централи и идните планирани извори на енергетика на Република Македонија. Сето тоа беше проследено со бројни примери и со искуства на компании од овој сектор.

Следејќи го големиот интерес и потребата за информации од областа на енергетиката, заклучокот е дека граѓаните и компаниите не се доволно информирани и дека е потребно интензивно да се работи на нивно информирање за можностите и перспективата што ја нуди енергетиката во Македонија.

- Превземено од Марили

Претседателот на комората Г-дин Манасков Ѓорѓи изјави пред јавноста, членовите на комората, компаниите, граоначалниците, преставниците од Влада, ЕЛЕМ, МЕПСО, Агенција за енергетика Државни инспекторати и останатите гости и мидиуми :

- МОРА МАКЕДОНИЈА ДА ИМА НЕЗАВИСНА СОПСТВЕНА ЕНЕРГЕТСКА СТАБИЛНОСТ
- НЕ СМЕЕ ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ДА ИМААТ НИКАКВИ ЕНЕРГЕТСКО-ФИНАСИСКИ ПРОБЛЕМИ
- СТОЈАМ ЈАС И КОМОРАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РАСПОЛАГАЊЕ НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН ИЛИ КОМПАНИЈА ДА ИМ ПОМОГНАМ ВО БИЛО КОЈ ПРОБЛЕМ

Покрај градоначалникот на Скопје Г-дин Петре Шилегов, излагање имаа Државниот испектор за Животна средина Лидија Зафировска, Директорката на Манасков-Техночки консалтинг Г-ца Маја Јанева, ГЕФФ за финансиска поддршка и грантови Г-дин Игор Панчевски, Агенција за енергетика на РМ беше Г-дин Панче Атанасовски, ЕЛЕМ - Г- ѓа Драгица Устапетрова Атансова, Членот на Управувачкиот комитет на Граѓанско демократска унија (УК на ГДУ), Јована Спасевска, Претседател на Надзор на комората Г-дин Зоран Ангелов.

На самата конференција беа презентирани проекти за изградба на нови фотоволтаични централи во Република Македонија. Беа претставени компании за опрема за хидроцентрали, фотоволтаици, биогас, ветерници и сл од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Австрија, Германија, Полска, Турција, Романија, Русија, Хрватска , Кина и др. На самата конференција беа разјаснети
правилата, законите и се што е потребно за нормално учество на тендери за енергетика, исто така имаше појаснување и за условите според кои може да се конкурира за грантови во областа на енергетиката од GEFF, EBRD и домашните банки.

- Известува Трибуна

Напишете коментар

Translate »