Франција ќе направи 1000 километри пат од соларни панели

Со голем чекор напред за зелената енергија Француската влада најави нов план за инсталирање на соларни фотонапонски панели на должина од 1000 км во наредните 5 години.

Целта е да се обезбеди обновлива енергија за 5 милиони луѓе или околу 8% од Французите.

Соларните патишта ќе користат Wattway панели и фотонапонска технологија која е откриена минатата година во Октомври од големата Француска инженерска фирма Колас. Францускиот министер за екологија и енергија Сеголен Ројал, проектот “Позитивна Енергија” ќе биде финансиран преку зголемување на даноците за фосилни горива.

httpss://youtu.be/8ZNJhcNq9q4

Франција не е првата држава која ќе воведи соларни патишта. Холандија го зазема првото место во 2014-тата година кога го направи првата соларна велосипедска патека во светот. Според француската агенција за животна средина и управување со енергија , 4 метри од соларниот пат е доволно за да ги обезбеди енергетските потреби на едно домаќинство, не вклучувајќи греење, додека 1 километар може да обезбеди електрична енергија за 5000 жители.

Соларните патишта ќе бидат покриени со Wattway панели, технологија за која беа потребни 5 години за да се развие, кој ќе бидат “залепени” на горниот дел од површината на патот. Панелите собираат соларна енергија користејќи тенок филм со полукристален силикон. 7 милиметарски дебели ленти е доволна дебелина која ќе издржи секаков вид на сообраќајни возила. Панелите се веќе тестирани и си тестот snowplow.

Локациите за поставување на овие панели сеуште не се откриени. Данокот од фосилното гориво се очекува да донесе помеѓу 200 и 300 милиони евра за финансирање на проектот. Тендерите за “Позитивна Енергија” ќе започнат оваа пролет.

Напишете коментар

Translate »