Електрични возила во Македонија – решение за загаденоста
Научниците од Универзитетот Јужна Калифорнија создадоа литиум-јонски батерии кои имаат три пати поголем капацитет од сегашните, а се полнат за само десет минути.
Конвенционалните литиум-јонски батерии кои се наоѓаат во сите мобилни уреди создаваат електрична енергија кога позитивните јони на литиумот поминуваат низ микроскопски тенки плочи од графит кои се наоѓаат на електродите. Меѓутоа, како што овие плочи стареат, нивниот капацитет и перформанси се намалуваат. Ова е посебно изразено кај новите генерации литиум-силициумски ќелии, каде на анодите од силициум се заменува токсичниот кобалт. Поради механичкиот стрес плочите од силициум со тек на времето пукаат, пренесува Gizmodo.
Поради ова, научниците предводени од професорот Чонгву Жу целосно ги отстраниле плочите од силициум. За пренос на електроните користеле полиња од порозни нано цевки, што значи дека трошење на материјалот речиси и нема, а со тоа нема и губење на капацитетот.
Како што велат научниците, новите батерии би можеле да се појават на пазарот за две или три години.