Именуван нов Вице-Претседсател за Данска да ја претставува Стопанската Комора за Енергетика на Македонија

ДАНСКА - како земја веќе подолго време има одлична соработка со Стопанската Комора за Енергетика на Македонија. На денешен ден Г- дин Миќаил Расими од Данска е именуван да ја претставува Стопанската Комора за Енергетика на Македонија во Данска како Вице-Претседател дефиниран со мандат според статутот на комората .

Задачите на Вице - Претседателот се да воспоставува стратешко меѓусебно заеднички добрососедски односи и корелации, со цел подобрување на економско - финансиската и енергетската стабилност помеѓу Македонија и регионот кој ја преставува. Комората постои за народот т.е. за компаниите и граѓаните .

Му посакуваме што е можно повеќе успеси и стоиме на располагање како Стопанска Комора за Енергетика на Македонија да ја подобриме ЕКОНОМСКО - ФИНАНСИСКАТА И ЕНЕРГЕТСКА СТАБИЛНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО ВО РЕГИОНОТ , изјави Претседателот на комората, Г-дин Манасков Ѓорѓи.

14.09.2019 година .

Translate »